Барселона се откажува од Рашфорд, но се појави нов кандидат за неговиот потпис
- Трансферот на Маркус Рашфорд во Барселона изгледа сè поневеројатен, според водечките спортски новинари како Матео Морето и Дејвид Орнштајн.

Манчестер, 31 јануари 2025 (МИА) - Трансферот на Маркус Рашфорд во Барселона изгледа сè поневеројатен, според водечките спортски новинари како Матео Морето и Дејвид Орнштајн.
Каталонците се пред откажување од идејата да го привлечат англискиот напаѓач, кој нема одиграно натпревар за Манчестер Јунајтед од минатиот месец и не е ниту во групата за натпреварите на тренерот Рубен Аморим. Причините за заладениот интерес на Барса, логично, лежат во сериозната плата на Рашфорд и почитувањето на правилата за финансиски фер-плеј.
Од друга страна, интерес за играчот во последните часови покажа уште еден клуб, а тоа е Астон Вила. Трансферот на Џон Дуран во Ал-Наср и трансферот на Емилијано Буендија во Леверкузен го натераа раководството на тимот од Бирмингем позаинтересирано да ја следат ситуацијата со Рашфорд, а желбата е негово доведување на позајмица.
Според Орнштајн, менаџерот на Вила, Унаи Емери лично инсистирал на играчот, бидејќи му се допаѓаат неговите квалитети. Сепак, самиот Рашфорд во оваа фаза претпочита или да се пресели во Барселона или да остане на „Олд Трафорд“, а засега е нејасно дали може да биде убеден за трансфер во Бирмингем.
Според последните информации, Астон Вила е заинтересирана и за Жоао Феликс од Челси и Марко Асенсио од ПСЖ. дс
Фото: Архива