• петок, 05 декември 2025

Барселона, Баерн и Манчестер јунајтед ја следат ситуацијата околу Влаховиќ

Барселона, Баерн и Манчестер јунајтед ја следат ситуацијата околу Влаховиќ

Торино, 15 ноември 2025 (МИА) - Врвните европски клубови покажуваат интерес за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, објави „Газета дело Спорт“.

Договорот на 25-годишниот Србин со клубот од Торино истекува во летото 2026 година. Тој ќе биде слободен да преговара со други клубови почнувајќи од јануари. 

Барселона, Баерн, Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид и Тотенхем го следат Влаховиќ и покажуваат сериозен интерес за негов ангажман.

Оваа сезона, Влаховиќ има одиграно 18 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и една асистенција. 

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата пазарна вредност на 35 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан