Бангладеш ја повика Индија да ги екстрадира поранешната премиерка Хасина и поранешниот министер Камал
- Бангладеш денеска ја повика Индија да ги екстрадира поранешната премиерка Шеика Хасина и поранешниот министер за внатрешни работи Асадузаман Кан Камал, откако двајцата беа осудени на смрт за нивната улога во задушувањето на студентското востание минатата година.
Дака, 17 ноември 2025 (МИА) – Бангладеш денеска ја повика Индија да ги екстрадира поранешната премиерка Шеика Хасина и поранешниот министер за внатрешни работи Асадузаман Кан Камал, откако двајцата беа осудени на смрт за нивната улога во задушувањето на студентското востание минатата година.
Официјална Дака нагласи дека Њу Делхи е должен да го стори тоа според договорот за екстрадиција.
Хасина избега во Индија на 5 август 2024 година, по падот на нејзината влада. јт/
Фото: МИА архива