АфД доби донација од 2,3 милиони евра за предизборната кампања
- Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) соопшти дека добила донација за кампањата од околу 2,35 милиони евра, трето големо финансиско засилување во рок од неколку дена пред националните избори за помалку од три недели

Берлин, 3 февруари 2025 (МИА) – Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) соопшти дека добила донација за кампањата од околу 2,35 милиони евра, трето големо финансиско засилување во рок од неколку дена пред националните избори за помалку од три недели.
Во Германија, секоја донација за партија што надминува 35.000 евра мора веднаш да се пријави кај претседателот на Бундестагот. Според регистарот на Бундестагот, последната донација за АфД ја дал Австриецот, Герхард Динглер пред два дена.
Динглер е поранешен регионален менаџер на австриската десничарска популистичка Слободарска партија на Австрија (ФПО). Тој наведе дека донирал бидејќи АфД е единствената германска партија која веродостојно се залага за мир.
Средствата од Динглер се трета голема донација пријавена од АфД од 21 јануари.
Според официјалниот регистар, антиимиграциската, евроскептична партија, која моментално е на второто место зад опозицискиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ, добила 999.900 евра и 1,5 милиони евра за помалку од две недели. ми/
фото: МИА архива