• петок, 05 декември 2025

Атанасов: Искуството и традицијата се на наша страна

Атанасов: Искуството и традицијата се на наша страна

Скопје, 3.ноември 2025 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје утре (вторник) го игра третиот натпревар од АБА 2 лигата. „Металците“ гостуваат кај екипата на Студент од Бања Лука, а двата тима имаа ист скор 1-1 (победа – пораз).

-  Гостувањето во Бања Лука за нас е едно од клучните во првиот дел од сезоната. Искуството и традицијата се на наша страна и секако влегуваме како фаворити, но тоа треба да се оправда на терен. Мал проблем ќе биде отсуството на неколку играчи, но тие проблеми носат и дополнителен мотив. Добро сме подготвени, но ќе мора тоа да се покаже и на терен, изјави тренерот на македонскиот шампион Васко Атанасов.

Дуелот Студент – МЗТ Скопје Аеродром што се игра утре почнува во 20 часот, додека два часа претходно ќе стартува дуелот во Скопје (сала Кале) меѓу ТФТ и Хелиос. мн

Фото: МИА

Остани поврзан