Аталанта потпиша со Малдини
- Аталанта и официјално потпиша со Даниел Малдини. Тимот од Бергамо ќе плати 10 милиони евра на Монца за трансфер на италијанскиот интернационалец.

Бергамо, 1 февруари 2025 (МИА) - Аталанта и официјално потпиша со Даниел Малдини. Тимот од Бергамо ќе плати 10 милиони евра на Монца за трансфер на италијанскиот интернационалец.
Договорот на Малдини е до летото 2029 година.
Фудбалерот се пресели во Монца од Милан летото за 5 милиони евра. Во Серија „А“ одигра 20 натпревари на кои постигна три гола.
Неговите добри игри му донесоа повик во италијанската репрезентација, откако веќе запиша три гола за „азурите“. дс
Фото: Аталанта