• сабота, 22 февруари 2025

Астон Вила е на чекор од потписот на Маркус Рашфорд

Астон Вила е на чекор од потписот на Маркус Рашфорд

Бирмингем, 1 февруари 2025 (МИА) - Астон Вила е блиску до договор за потпис на напаѓачот Маркус Рашфорд од ривалите од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, објави „Скај спортс“. Според информациите, тој ќе биде позајмен до крајот на сезоната.

Двата клуба веќе се договориле за трансферот на Рашфорд во Вила, но се уште не прецизирале дали Вила ќе има опција да ги откупи правата на напаѓачот, пишува „Скај“. Тимот од Бирмингем ќе го покрие и најголемиот дел од платата на Рашфорд.

Рашфорд има 15 настапи за Јунајтед во Премиер лигата од почетокот на сезоната, но беше исфрлен од тимот на крајот на минатата година поради интервју за медиумите. Менаџерот Рубен Аморим потоа изјави дека нема да се потпира на играчи кои не се целосно посветени на клубот.

Во петокот Виља се раздели со напаѓач откако го испрати Џон Дуран во Ал-Наср во трансфер за над 70 милиони евра.

Јунајтед се наоѓа на 12. место во поредокот со 29 бодови, додека Астон Вила е осма со 37. дс

Фото: Архива

Остани поврзан