• сабота, 22 февруари 2025

Артур Мело ќе игра во Жирона

Артур Мело ќе игра во Жирона

Жирона, 1 февруари 2025 (МИА) - Жирона и официјално потпиша договор со играчот за врска Артур Мело од Јувентус. 28-годишниот играч пристигнува на позајмица до крајот на сезоната. Во договорот меѓу двата клуба нема откупна клаузула, поради што Бразилецот на лето ќе се врати во Торино.

Сантош го бараше Артур Мело, но тој повеќе сакаше да остане во Европа и ја избра понудата на Каталонците.

Фудбалерот од средниот ред не играше од почетокот на сезоната, откако не беше вклучен во плановите на тренерот на „бјанконерите“, Тиаго Мота.

Артур Мело е дел од Јувентус од летото 2020 година, кога беше ангажиран од Барселона за 80 милиони евра. Никогаш не успеа да се наметне во тимот на „старата дама“. Во последните сезони тој беше позајмен во Ливерпул и Фиорентина.

Неговиот договор со Јувентус е на уште една и пол година.дс

Фото: Жирона

Остани поврзан