Артета по поразот од Њукасл: Вака е кога не се делува ефикасно
- Тренерот на Арсенал, Микел Артета се осврна на поразот од Њукасл (0:2) во полуфиналето од англискиот Лига куп.

Лондон, 6 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета се осврна на поразот од Њукасл (0:2) во полуфиналето од англискиот Лига куп.
- На вакви натпревари треба да се делува многу ефикасно. Тоа е она што го доближува тимот до освојување трофеи, но денес не го направивме тоа. Денес боли, но утре ќе биде друг ден. „Њукасл беше поефикасен од нас во шеснаесетникот и затоа имаше таква разлика во резултатот, изјави Артета за Би-Би-Си.
И на првиот натпревар Њукасл победи со 2:0 и со вкупни 4:0 оди во финалето.
Њукасл во финалето ќе игра со победникот од пресметката Тотенхем – Ливерпул. Првата средба ја добија лондончани со 1:0. зс/
Фото: ЕПА