• сабота, 22 февруари 2025

Анчелоти: Реал Мадрид мора да се потпре на млади играчи

Анчелоти: Реал Мадрид мора да се потпре на млади играчи

Мадрид, 6 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги пофали младите играчи за изданието во четвртфиналниот натпревар од Купот на Шпанија со Леганес (3:2).

- Тоа беше изедначен натпревар. Не почнавме баш најдобро, но успеавме да поведеме и да ја искористиме предноста. Тимот играше многу добро во нападот, со голема ефикасност. Иако е точно дека моравме да работиме напорно во одбраната. Треба да бидеме задоволни од она што го направија младите играчи. Мора да сметаме на нив. Ова е тешко и предизвикувачко време. Одиме напред со игри како денешните. Реал Мадрид е во полуфиналето и младите придонесоа за ова. Можеме да бидеме задоволни од овој натпревар, изјави Анчелоти за „AS“.

Противникот на Реал Мадрид во полуфиналето ќе биде одреден со ждрепката. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан