• сабота, 22 февруари 2025

Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав

Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав

Манчестер, 8 февруари 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим се осврна на заминувањето на Маркус Рашфорд од клубот.

- Не можев да го натерам Маркус да игра фудбал и да тренира како што јас барав. Понекогаш се случува играчот да биде добар со еден тренер, но да игра поинаку со друг. Само им посакувам се најдобро на Рашфорд и Унаи Емери за да најдат заеднички јазик бидејќи Маркус е многу добар играч.
Работата е во тоа што некои момци не се адаптираат на начинот на кој јас го гледам фудбалот. Другите се адаптираат и ние се обидуваме да изградиме тим од нив. Ова е она што го чувствувате како тренер и играч. Тоа е сосема нормално, им се случило на многу тренери. Потенцирам дека тоа беше моја одлука, изјави Аморим за „ESPN“.

На 3 февруари Астон вила ја објави позајмицата на 27-годишниот Англичанец. 

Рашфорд играше за Манчестер јунајтед од 2015 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан