• сабота, 22 февруари 2025

Аморим по победата над ФЦСБ: Требаше да постигнеме повеќе голови

Аморим по победата над ФЦСБ: Требаше да постигнеме повеќе голови

Букурешт, 31 јануари 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим ја изрази својата загриженост за офанзивната игра по победата од 2:0 над ФЦСБ во натпреварот од 8. коло од главната фаза во Лигата на Европа.

-Мислам дека одлично ја контролиравме играта. Имавме поголем посед на топката, што значеше дека имавме повеќе време да размислуваме и да создаваме комбинации. Коби Мајну играше многу добро на својата позиција, имаше поголема слобода и постојано се враќаше во одбраната. Момците завршија добра работа - уште една чиста мрежа. Создадовме шанси и требаше да постигнеме повеќе голови. Генерално, беше добар натпревар за нас, рече Аморим.

Манчестер Јунајтед заврши на 3. место со 18 бодови и се пласираше во осминафиналето, додека ФЦСБ остана на 11. место и ќе игра во плејоф рундата.

Манчестер Јунајтед стана единствениот тим во Лига Европа кој остана непоразен на досегашниот тек од турнирот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан