• понеделник, 16 март 2026

Американските сили почнаа со повлекување од нивната најголема база во Сирија

Американските сили почнаа со повлекување од нивната најголема база во Сирија

Дамаск, 23 февруари 2026 (МИА) - Американските сили денеска почнаа да се повлекуваат од нивната најголема база во североисточна Сирија бидејќи властите во Дамаск ја консолидираа контролата врз земјата - објавија британските медиуми повикувајќи се на неименувани безбедносни извори.

Неколку десетици камиони, некои натоварени со оклопни возила, денес ја напуштија базата Касрак во областа Хасака.

Доколку има целосно повлекување од Касрак, американските сили на сириска почва ќе останат само во базата Рмелан, во близина на границата со Ирак.

Касрак беше главна база за борба против организацијата Исламска држава повеќе од 10 години.

Се очекува повлекувањето од Касрак да трае околу еден месец.сд/јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан