Американските берзи се опоравуваат по загубите предзивикани од појавата на „ДипСик“
- Главните берзански индекси во САД вчера и денеска се во пораст по појавата неделава на кинеската апликација за вештачка интелигенција ДипСик (DeeSeek), и денешниот ден го почнаа со зајакнување благодарение на растот на акциите на Епл (Apple), поттикнат од позитивните прогнози за продажбите на Ајфон и другите производи на технолошкиот гигант.

Вашингтон, 31 јануари 2025 (МИА) - Главните берзански индекси во САД вчера и денеска се во пораст по појавата неделава на кинеската апликација за вештачка интелигенција ДипСик (DeeSeek), и денешниот ден го почнаа со зајакнување благодарение на растот на акциите на Епл (Apple), поттикнат од позитивните прогнози за продажбите на Ајфон и другите производи на технолошкиот гигант.
На ова се надоврза и објавениот инфлациски показател префериран од Федералните резерви. Регулаторот ја зацврсти решеноста каматните стапки да останат на тековното ниво.
На тргувањата со акции пред 11 часот источнамериканско време, индексот Доу (Dow Jones) порасна за 0,12 отсто индексот Стандар и Пур (S&P 500) се зголеми за 0,62 отсто, додека лидер во порастот на акциите е технолошкиоата берза Насдак (Nasdaq), што порасна за 1,18 отсто. кб/ссм/