• петок, 21 февруари 2025

Американскиот Сенат го потврди Марко Рубио за државен секретар на САД

Американскиот Сенат го потврди Марко Рубио за државен секретар на САД

Вашингтон, 21 јануари 2025 (МИА) - Американскиот Сенат едногласно го потврди републиканскиот сенатор Марко Рубио за државен секретар на САД.

Рубио е познат по неговиот тврд став кон Кина и неговата поддршка за Израел.

Деведесет и девет сенатори гласаа „за“ кандидатурата на Марко Рубио, а ниту еден „против“.

Рубио е првата номинација за кабинетот на Доналд Трамп што ја одобри Сенатот. Ова се случи само неколку часа откако Трамп ја презеде функцијата по втор мандат како претседател на САД.

Рубио се спротивставува на САД да развијат понатамошни зависности од Кина и верува дека американската политика треба да биде насочена кон ставање крај на војната во Украина. 

Тој е  син на кубански имигранти. зш/

Остани поврзан