• петок, 21 февруари 2025

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Берлин, 5 февруари 2025 (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција, што ќе се одржи следната недела во Германија, изјави денеска портпаролот на германската Влада.

Конференцијата наречена „Давос за одбраната“, што се одржува од 14 до 16 февруари, секоја година ја собира елитата на светската геополитика во главниот град на Баварија.

Годинава се одржува во исклучително тензичен контекст, веднаш по доаѓањето на власт на владата на Доналд Трамп и новата Европска комисија, а една недела пред германските парламентарни избори.

Венс ќе учествува на самитот за вештачка интелигенција во Париз, што ќе се одржи на 10 и 11 февруари.

Запрашан за можна билатерална средба меѓу Венс и германскиот канцелар Олаф Шолц, особено за прашањето за Газа, портпаролот на германската Влада рече дека и двајцата се очекува да бидат на конференцијата и дека ќе се сретнат, доколку секој распоред дозволува.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан