• петок, 21 февруари 2025

Американскиот државен секретар почнува посета на држави од Европа и од Блискиот исток

Американскиот државен секретар почнува посета на држави од Европа и од Блискиот исток

 
Вашингтон, 13 февруари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио во следните денови ќе бид во посета на држави од Европа и на Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот.
Од 13 до 18 февруари Рубио ќе ги посети Германија, Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Државниот секретар ќе престојува во Минхен на 13 февруари на годишната безбедносна конференција, каде со меѓународните партнери ќе разговара за повеќе американски приоритети. Во Минхен ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Од 15 до 18 февруари Рубио ќе ги посети Израел, Саудиска Арабија и ОАЕ. Разговорите на државниот секретар со високи претставници на тие земји ќе го потврдат интересот на САД за развој на регионалната соработка, стабилност и мир. Фокусот на тој дел од неговата турнеја ќе биде ослободувањето на американските и сите други заложници на Хамас, напредокот во втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа и спротивставувањето на дестабилизирачките акции на иранскиот режим и неговите поддржувачи, објави Стејт департментот на својата веб-страница. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан