Американски носач на авиони се судри со трговски брод кај Египет
- Носач на авиони на американската морнарица се судри со трговски брод во близина на Египет, соопшти денеска американската војска, нагласувајќи дека носачот на нуклеарен погон е во стабилна состојба и дека нема повредени.

Вашингтон, 13 февруари 2025 (МИА) - Носач на авиони на американската морнарица се судри со трговски брод во близина на Египет, соопшти денеска американската војска, нагласувајќи дека носачот на нуклеарен погон е во стабилна состојба и дека нема повредени.
Во соопштението се прецизира дека носачот на авиони „Хари С. Труман“ се судрил со бродот Бешикташ-М вчера доцна навечер кај Порт Саид, Египет.
-Сударот не го загрози „Хари С. Труман“ и нема извештаи за штети или повредени. Електраните не се погодени и се во безбедна и стабилна состојба, се вели во соопштението. мс/
фото: ЕПА