• четврток, 02 април 2026

Амбасадорката на Јапонија во посета на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Амбасадорката на Јапонија во посета на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Штип, 31 март 2026 (МИА) - Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)– Штип, каде одржа предавање на Правниот факултет.

-Посетата започна со средба со ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски, на која се разговараше за нови можности за соработка меѓу УГД и јапонските институции, соопштија од УГД-Штип.

Деканката на Правниот факултет при УГД-Штип проф. д-р Билјана Тодорова истакна дека ваквите настани се од големо значење.

-Студентите имаат ретка можност да слушнат странски дипломат, да поставуваат прашања и директно да се запознаат со меѓународните односи- вели Тодорова.

Амбасадорката Кавахара на предавањето пред студентите од Правниот факултет говорела за надворешната политика на Јапонија, со цел студентите подетално  ги разберат приоритетите и пристапот на земјата во светската политика.вдј/са/

Фото: УГД-Штип 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан