• петок, 21 февруари 2025

Алонсо по триумфот над Динамо: Победивме силен тим

Алонсо по триумфот над Динамо: Победивме силен тим

 

Битола, 21 февруари 2025 (МИА) – Тренерот на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, им честиташе на своите ракометари за пожртвуваноста, која заедно со големата поддршка од навивачите, беа клучни за вчерашниот триумф над Динамо Букурешт (25-24) во рамки на 12. коло од групата А во Лигата на шампиони.

„Честитки за моите ракометари за фантастичниот натпревар. Игравме против тим кој исто така силно ја посакуваше победата, и затоа навистина ми се допадна начинот како ние победивме и како тоа го направивме за да славиме во оваа голема борба. Знаевме дека не чека тежок меч, но останавме обединети до крајот, и заслужено ги освоивме бодовите“, изјави по натпреварот Алонсо.

Со овој триумф, битолскиот состав остана во трка за пласман на шестото место во групата кое обезбедува пласман во нокаут фазата во елитното европско клупско натпреварување.

Во завршните две кола, Еурофарм Пелистер му гостува на Фуксе Берлин, пред дуелот на домашен терен против ПСЖ. ег

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Остани поврзан