• сабота, 22 февруари 2025

Алкохолот од САД ќе биде повлечен од продавниците во канадската провинција Онтарио

Алкохолот од САД ќе биде повлечен од продавниците во канадската провинција Онтарио

Toронто, 2 февруари 2025 (МИА)  -   Алкохолот од САД ќе биде повлечен од продавниците во канадската провинција Онтарио почнувајќи од вторник како одговор на американскиот претседател Доналд Трамп кој воведе царина од 25 отсто за увоз на производи од Канада, објави премиерот на покраината Даг Форд.

Форд на платформата X објави дека одборот за контрола на алкохол во Онтарио (LCBO) добил наредба да преземе мерки како одговор на наметнувањето американски царини за канадски стоки.

Тој потсети дека досега, Канада бележи продажба на алкохолни пијалоци од САД во вредност од речиси милијарда долари секоја година.
LCBO, исто така, ќе ги отстрани американските производи од својот каталог, така што другите ресторани и трговци на мало во Онтарио не можат да ги нарачаат тие производи, рече Форд. зш/

Остани поврзан