Алкараз се пласира во третото коло на Австралија опен
- Светскиот тенисер број еден, Карлос Алкараз, рано утрово го победи Германецот Јаник Ханфман во второто коло на Австралија опен со 7:6 (7:4), 6:3 и 6:2.
Мелбурн, 21 јануари 2026 (МИА) - Светскиот тенисер број еден, Карлос Алкараз, рано утрово го победи Германецот Јаник Ханфман во второто коло на Австралија опен со 7:6 (7:4), 6:3 и 6:2.
Мечот траеше 2 часа и 46 минути.
Алкараз сервираше 11 аса, направи три двојни грешки и реализираше четири од девет брејк топки. Ханфман, рангиран на 102-то место на АТП ранг-листата, сервираше седум аса, направи четири двојни грешки и реализираше една од седум брејк топки.
Во следното коло на турнирот во Австралија, 22-годишниот Шпанец ќе се соочи со Корентин Муте (Франција).
Наградниот фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 74,9 милиони долари. зс/
Фото: ЕПА