• сабота, 22 февруари 2025

Алкараз: Луѓето разговараат кој е подобар меѓу мене и Синер, тој победува секаде каде што игра, мислам дека е најдобар

Алкараз: Луѓето разговараат кој е подобар меѓу мене и Синер, тој победува секаде каде што игра, мислам дека е најдобар

Мадрид, 3 февруари 2025 (МИА) - Карлос Алкараз признава дека дека Јаник Синер моментално е најдобриот тенисер на светот.

- Јаник е најдобар во моментов. Тој изгуби само четири или пет натпревари во последната година (загуби шест натпревари од почетокот на 2024 година, од кои три од Алкараз). Знам дека луѓето дебатираат кој од нас е подобар. Некои велат Јаник, други велат јас. Се е само муабет. Но, Јаник победува секаде каде што игра. Секогаш е концентриран, затоа мислам дека е најдобар. На секој турнир тој стигнува до финалето или го освојува трофејот, истакна Алкараз.

Шпанецот се осврна и на поразот од Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

- Мислам дека натпреварот против Новак не беше пропуштена шанса. Многу сакав да го освојам турнирот и чувствував дека можам да го направам тоа, но тој одигра неверојатен натпревар. 

Алкараз во моментов е трет на светската АТП ранг-листа зад лидерот Јаник Синер и второпласираниот Александер Зверев. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан