• сабота, 06 декември 2025

Алжир го сака Итан Мбапе

Алжир го сака Итан Мбапе

Алжир, 13 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Лил, Итан Мбапе, би можел да биде повикан во алжирската репрезентација, објави „WinWinAfrique“.

Алжирската фудбалска федерација се надева дека ќе го додаде помладиот брат на капитенот на Франција, Килијан Мбапе, во својата репрезентација. 

Итан, кој има 18 години, не е повикан во француските младински селекции.

Мбапе помладиот постигна два гола на пет натпревари од француското првенство оваа сезона. 

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 5 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан