• сабота, 22 февруари 2025

Албарес: ​​Рано е за разговори за испраќање војници во Украина, мирот е сè уште далеку

Албарес: ​​Рано е за разговори за испраќање војници во Украина, мирот е сè уште далеку

Мадрид, 17 февруари 2025 (МИА) - Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес изјави денеска дека е премногу рано да се разговара за испраќање војници во Украина, истакнувајќи дека смета оти нема наскоро да биде склучено примирје меѓу Украина и Русија.

„Никој не размислува за испраќање војници во Украина, бидејќи мирот е сè уште далеку“, рече тој.

Албарес изјави дека најбрзиот начин да се постигне мир, кој „не е само прекин на огнот“, е да продолжи да се испраќа помош за Украина, пренесува „Вангардија“.

„Не гледам мир на хоризонтот, иако едно од размислувањата е како да се помогне тој мир да дојде што е можно поскоро. На денот кога ќе биде предложен мир, треба да видиме за каков мир зборуваме“, додаде Албарес. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан