• петок, 21 февруари 2025

Ал Шара: Сирија е подготвена на сите облици на соработка со Турција

Ал Шара: Сирија е подготвена на сите облици на соработка со Турција

Дамаск, 24 јануари 2025 (МИА) – Лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара изјави дека Дамаск нема да дозволи која било терористичка група да го загрозува сирискиот територијален интегритет и национална безбедност на Турција.

Тој додаде дека ќе побара поддршка од Турција во борбата против Исламска држава и другите терористи активни во Сирија.

- ИД ги отфрла сите предложени решенија. Испративме отворено писмо до земјите и групите кои ги поддржуваат Единиците за народна одбрана/Курдската работничка партија (ЈПГ/ПКК). Очекуваме помош од сите народи во борбата против тероризмот, посочи ал Шара.

Тој додаде дека сè уште постои ризикот од поделба на Сирија ако терористичката ЈПГ/ПКК не го положи оружјето.

- Сакаме да ги истражиме сите дипломатски патишта и да оставиме време за мирно решение. За нас црвена линија е територијалниот интегритет на Сирија, посочи ал Шара.

Тој истакна дека сириската власт изразила отвореност за разговори со терористичката група за да се спречи крвопролевање.

- Нашата цел е да ги решиме прашањата помеѓу арапските и курдските племиња источно од Еуфрат во соработка со Анкара. Турција внимателно го следи оваа прашање и не поддржува. Сирија е подготвена на сите облици на соработка како би ја осигурила безбедност на турската граница, наведе ал Шара. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан