Акција на МВР во УЈП Штип
- Полициски службеници утринава влегоа во Управата за јавни приходи Штип и според првичните информации приведен е поранешен раководител на УЈП.
Штип, 20 ноември 2025 (МИА) - Полициски службеници утринава влегоа во Управата за јавни приходи Штип, и според првичните информации приведен е поранешен раководител на УЈП.
Од МВР потврдуваат дека има акција на теритријата на цела држава.
- Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена, соопштуваат од МВР. вдј/вг/
Фото: МИА архива