• петок, 21 февруари 2025

Адмирал Каво Драгоне: САД најверојатно ќе останат во НАТО, но можеби ќе повлечат некои војници од Европа

Адмирал Каво Драгоне: САД најверојатно ќе останат во НАТО, но можеби ќе повлечат некои војници од Европа

Минхен, 17 февруари 2025 (МИА) - Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне изјави дека САД најверојатно ќе останат членка на Алијансата, но дека во иднина би можеле да го намалат бројот на свои војници во Европа, објави денеска Блумберг.

Тој оцени дека „приоритетите на САД се префрлаат на индо-пацифичкиот регион“.

„Сепак, не мислам дека бројот на Американци кои ќе ја напуштаат Европа ќе биде голем“, рече Каво Драгоне. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан