Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 15 повредени, возачот уапсен
- Најмалку 15 лица се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен, соопшти полицијата.

Минхен, 13 февруари 2025 (МИА) - Најмалку 15 лица се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен, соопшти полицијата.
Како што се наведува, околу 10:30 возач го забрзал својот автомобил и влетал во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.
Возачот е уапсен и, како што наведува полицијата, не претставува опасност за околината. рп/
Фото: МИА архива