• сабота, 22 февруари 2025

Преговорите за коалиција меѓу крајната десница и конзервативците во Австрија во ќорсокак

Преговорите за коалиција меѓу крајната десница и конзервативците во Австрија во ќорсокак

Виена, 6 февруари 2025 (МИА) - Коалициските преговори меѓу екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПОe) и конзервативната Австриска народна партија (ОеВП) неочекувано дојдоа до ќорсокак поради несогласувањата околу поделбата на овластувањата во идната влада, а австриските медиуми сè уште не е јасно дали тие ќе продолжат, пишуваат австриските медиуми.

Претставниците на Народната партија потврдија дека преговорите завчера вечер дошле во „тешка фаза“.

Австриските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат за можен прекин на коалициските преговори, што лидерот на Партијата ба слободата и мандатар Херберт Кикл го демантираше.

Двете партии се обидоа да ги банализираат несогласувањата, но Народната партија сепак ги повтори своите три барања кои се неопходен предуслов за коалиција со Партијата на слободата - проевропски курс, отсуство на руско влијание и заштита на владеењето на правото.

„Факт е дека атмосферата меѓу двете партии десно од политичкиот центар со денови е напната и постои меѓусебна недоверба. ОеВП во меѓувреме свика вонредна кризна седница, но одлучено е преговорите да продолжат до понатамошно известување“, пишува „Ноје Цирхер Цајтунг“.

Според весникот, на состанокот на најблиските групи преговарачи собрани околу партиските лидери, требало да се разговара за некои отворени политички прашања, но брзо се преминало на прашањето за распределбата на ресорите.

Весникот наведува дека австриската Партија на слободата дала „отровна понуда“ до Народната партија - дури седум министерства во идната влада, додека таа би имала само пет.

Партијата на слободата, сепак, ги побарала клучните министерства за внатрешни работи и финансии. Покрај тоа, таа бара прашањата на Европската унија, како и медиумите и уставот, да останат во надлежност на канцеларијата на канцеларот, поточно Херберт Кикл. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан