Австриските ОВП и СПО почнаа коалициски разговори со либералната партија Неос
- Австриската конзервативна Народна партија (ОВП) и Социјалдемократите (СПО) денеска соопштија дека ги прошириле преговорите за формирање коалициска влада во која ќе биде вклучена и малата либерална партија Неос со цел да се постигне солидно мнозинство во парламентот.

Виена, 21 февруари 2025 (МИА) – Австриската конзервативна Народна партија (ОВП) и Социјалдемократите (СПО) денеска соопштија дека ги прошириле преговорите за формирање коалициска влада во која ќе биде вклучена и малата либерална партија Неос со цел да се постигне солидно мнозинство во парламентот.
Претставници на партиите рекоа дека разговорите напредуваат брзо и оти би можело да се постигне договор следната недела, додавајќи дека нема да одржат состанок со претседателот Александар Ван дер Белен.
- Јасно е дека вечерва партиите ќе дадат изјави за статусот на преговорите, се вели во заедничкото соопштение на трите партии.
Претходно, Ван дер Белен издаде кратка писмена изјава во која го повтори својот повик до партиите да го прифатат духот на компромисот и ги повика да работат за општо добро.
Ова е најдолгиот период од Втората светска војна во кој Австрија е без влада. Доколку наскоро не се најде решение, ќе се одржат предвремени избори. јт/
Фото: МИА архива