Австралија од утре официјално им забранува на лицата под 16 години пристап до социјалните медиуми
- Австралија од утре ќе им забрани на лицата под 16 години пристап до социјалните медиуми, а тие мрежи ќе се соочат со казни доколку не се придржуваат до мерките.
Канбера, 9 декември 2025 (МИА) - Австралија од утре ќе им забрани на лицата под 16 години пристап до социјалните медиуми, а тие мрежи ќе се соочат со казни доколку не се придржуваат до мерките.
Десет од најголемите платформи добија наредба да ги блокираат децата од полноќ вечерва или да се соочат со казни до 49,5 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари) според новиот закон кој предизвика критики од големите технолошки компании и застапниците за слобода на говорот, но беше поздравен од родителите и застапниците на децата.
Забраната внимателно ја следат и други земји кои разгледуваат слични мерки засновани на возраст, поради растечката загриженост за влијанието на социјалните медиуми врз здравјето и безбедноста на децата.
Австралија неодамна побара од платформите на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук, Инстаграм и ТикТок, да ги отстранат корисниците под 16 години.
Австралија има приближно 350.000 корисници на Инстаграм и 150.000 корисници на Фејсбук на возраст од 13 до 15 години, според владини податоци. мс/
фото: МИА архива