• сабота, 22 февруари 2025

Абас во мај ќе ја посети Москва

Абас во мај ќе ја посети Москва

Рамала, 5 февруари 2025 (МИА) – Палестинскиот претседател Махмуд Абас потврди дека на 9 мај ќе присуствува на прославата на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна во Москва, јавија руските медиуми.

Во декември, Кремљ соопшти дека поканил „многу земји“ да присуствуваат на 80-годишнината од крајот на војната во Москва.

Сè уште не е познато колку странски лидери ќе присуствуваат на одбележувањето на годишнината, што ќе се одржи повеќе од три години откако Русија ја нападна Украина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан