• понеделник, 29 декември 2025

„ViniLand“ започнува на 24 декември, Виница се подготвува за празнична магија

„ViniLand“ започнува на 24 декември, Виница се подготвува за празнична магија

Виница, 6 декември 2025 (МИА) - Општина Виница најавува вистинска празнична атмосфера со новогодишниот фестивал „ViniLand“, што ќе започне на 24 декември 2025 и ќе трае до 6 јануари 2026 година на градскиот плоштад „Ангел Винички“.
Програмата е разновидна, богата и наменета за сите генерации – од најмладите до повозрасните љубители на добра музика и празничен амбиент, вели Александра Давиктова, директоро на ДК „Тошо Арсов“, установа која е дел од рганизацијата на „ViniLand“ .

Фестивалските активности ќе започнат на 24 декември со детски филмови во кино салата, музички настапи на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Славчо Стојменски“, како и вечерна забава со DJ- и на плоштадот.

-Во следните денови граѓаните ќе уживаат во новогодишен базар со ракотворби, празнични производи и локални специјалитети, пота, ќе има забавна музичка програма со настапи на ученици од основните училишта,  детски театарски претстави: „Подарок што не се купува“, „Дедо Мраз и Аладин“, „Новогодишен случај во волшебната шума“, а предвидени се и Баскерфест Ране и уметнички акробации, божиќен концерт на ученици од музичките школи, изложба на творби од ученици и промоција на книги, Бадникови поворки и делење пакетчиња за најмалите, најави Давиткова.

Секоја активност е внимателно распоредена низ деновите, со цел да се овозможи постојана празнична атмосфера на плоштадот. Целта  е празнична радост за сите!

Фестивалот „ViniLand“ годинава носи богат спој на музика, театар, уметност, базар, семејна забава и празнични традиции.

Градоначалникот Митко Костадиновски ги повикува сите граѓани да присуствуваат на настаните. ис/
фото: плакат на ДК „Тошо Арсов“

 

Остани поврзан