• сабота, 21 декември 2024

UN Women Скопје оствари средба со претставници од ромската заедница по повод Меѓународниот ден на жената

UN Women Скопје оствари средба со претставници од ромската заедница по повод Меѓународниот ден на жената

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Агенцијата на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените „UN Women Skopje“, денеска одржа средба со претставници од ромската заедница и Националниот ромски центар по повод Меѓународниот ден на жената.

Како што објавија на својот фејсбук профил од „UN Women Skopje“, тие разговарале за конкретни прашања со кои се соочуваат жените и девојките Ромки, како што се раните бракови, финансиската зависност и сиромаштијата, насилството врз жените, неписменоста, како неколку од проблемите кои секојдневно го попречуваат напредувањето и вклучувањето на жените и девојките Ромки.

- Следејќи ја една од препораките што произлегуваат од субрегионалните консултации со повеќе чинители за Западен Балкан и Туркије кои водат до Комисијата за статусот на жените #CSW68, продолжуваме да работиме во партнерство за справување и елиминирање на родовите стереотипи и унапредување на положбата на сите жени и девојки Ромки, наведоа оттаму. ар/нд/

Фото: UN Women Skopje

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан