• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Речиси 100 луѓе го загубија животот во невреме проследено со обилни дождови во Индија и Непал

Речиси 100 луѓе го загубија животот во невреме проследено со обилни дождови во Индија и Непал

Њу Делхи, 11 април 2025 (МИА) - Речиси 100 луѓе го загубија животот во последните три дена во невреме проследено со обилни дождови во Индија и Непал, соопштија официјални претставници, а метеоролошката служба предвидува дека и натаму ќе има обилни врнежи од дожд кои се невообичани за овој период од годината во регионот.

Индискиот метеоролошки оддел издаде предупредување за повеќе опасности низ целата земја, со топлотни бранови во западните делови и грмотевици во источните и централните региони.

Во источната држава Бихар, најмалку 64 лица го загубија животот во последните три дена во несреќи поврзани со обилни врнежи, висок функционер од одделот за управување со катастрофи на државата.

Локалните медиуми објавија дека повеќе од 20 луѓе загинале во најнаселената индиска држава Утар Прадеш.

Во соседен Непал, најмалку осум лица го загубија животот во удар на гром и силен дожд, соопштија претставници на Националната управа за катастрофи.

Индискиот метеоролошки оддел до утре очекува обилен дожд со грмежи, молњи и силен ветер над централна и источна Индија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан