• четврток, 15 мај 2025

Шефовите на ЕУ му честитаат на победникот на изборите во Канада, Карни

Шефовите на ЕУ му честитаат на победникот на изборите во Канада, Карни

Брисел, 29 април 2025 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, му честитаа на премиерот Марк Карни за победата на парламентарните избори во Канада.

-Врската меѓу Европа и Канада е силна - и станува сè посилна, напиша фон дер Лајен денеска на „X“.

„Ќе ги браниме нашите заеднички демократски вредности, ќе го промовираме мултилатерализмот и ќе се залагаме за слободна и фер трговија“, додаде таа.

Кошта на „Х“ напиша дека „ЕУ и Канада имаат долго и блиско партнерство“.

-Ние сме сојузници и силни трговски партнери, рече Кошта, додавајќи дека ЕУ и Канада делат исти вредности. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан