• среда, 25 февруари 2026

Францускиот министер за надворешни работи, Баро, пристигна во посета на Дамаск

Францускиот министер за надворешни работи, Баро, пристигна во посета на Дамаск

Дамаск, 5 февруари 2026 (MИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пристигна во Дамаск, првата станица од неговата регионална турнеја.

Се очекува Баро да се сретне со својот сириски колега Асад ал-Шибани во време кога тензиите во Сирија неодамна се намалија меѓу владата и курдското малцинство во северните региони.

Францускиот министер, кој е во втора посета на Дамаск откога исламистичката коалиција ја презеде власта во 2024 година, потоа ќе отпатува во Ирак и Либан. рп/ми/

Фото: ЕПА

Остани поврзан