• четврток, 04 декември 2025

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година зголемени за 10,4 отсто

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година зголемени за 10,4 отсто

Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година изнесува 5,2 милијарда денари што е зголемување за 10,4 проценти во однос на истиот период лани.

Според Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство зголемување за 8,8 проценти. мч/са/

фото: МИА

 

Остани поврзан