• петок, 22 ноември 2024

OpenAI му даде отказ на извршиот директор Сем Алтман 

OpenAI му даде отказ на извршиот директор Сем Алтман 

Вашингтон, 18 ноември 2023 (МИА) - Технолошката компанија OpenAI без предупредување му даде отказ на соосновачот Сем Алтман од функцијата извршен директор под изговор дека тој не бил „постојано искрен во неговите комуникации“, по серија судири за управувањето на компанијата меѓу некои членови на бордот на директори. 

По разгледување на ситуацијата бордот заклучил дека Алтман преземал неутврдени активности што „ја спречувале неговата можност да ги извршува своите одговорности“, се наведува во соопштение од синоќа.  

-Бордот нема повеќе доверба во неговите можности да продолжи да го води OрenAI. 

Oваа компанија лани во ноември ја лансираше ЧатЏи-Пи-Ти, програмата заснована на вештачка интелигенција која може да спроведува комплексни  задачи како правење, видео, музика или текст што не се разликуваат од оние создадени од човек. Ова донесе потрес во многу индустрии за опасноста од моќта на вештачката интелигенција и нејзината контрола. Регулаторите на Запад започнаа да размислуваат за контрола и законски решениај за апликациите на оваа програма 

Во соопштние на Х (поранешен Твитер) доцна синоќа, Грег Брокман, претседател на OpenAI и уште еден соосновач, изјави дека Алтма бил „шокиран и тажен од тоа што бордот го стори денеска“. 

-Ние исто така се обидуваме да дознаеме што се случило, напиша тој. Брокман си даде оставке веднаш откако OpenAI го најави замнувањето на Алтман. 

Според Алтман, се работи за борба за власт меѓу некои членови на бордот, вклучувајќи го избршниот научен раководител на компанијата и негов пријател и соосновач, Илја Сутскевер, за прашања како балансот меѓу брзината и безбедноста. 

Волстрит журнал цитира сегашни и поранешни вработени во OpenAI според кои Сутскевер сѐ повеќе искажувал загриженост за долгорочната безбедност на производите на OpenAI и дека создавал тим за истражување на начините како системите на иднината можат да бидат „порамнети“ со човечките вредности. 

Промените во компанијата ја шокираа технолошката заедница и се изненадувачки развој за човекот кој стана главно лице на бумот на генеративната вештачка интелигенција.  

Ова беше изненадување и за Мајкрософт која инвестираше 13 милијарди долари во OpenAI за удел од 49 отсто. Мајкросфт дознал за отпуштањето на Алтман после објавата за тоа. кб/ сд/

Остани поврзан