• понеделник, 25 ноември 2024

Албанезе со критики до членки на ОН дека ја игнорираат Газа

Албанезе со критики до членки на ОН дека ја игнорираат Газа

Њујорк, 31 октомври 2024 (МИА) - Специјалниот известувач на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, упати критики на некои земји-членки на ОН дека ја игнорираат Газа и праша дали е можно по смртта на 42.000 луѓе да не можат да сочувствуваат со Палестинците, јави Анадолија.

Албанезе се обрати до земјите членки на ОН, за време на сесијата на Комитетот на која се разговараше за социјални, хуманитарни и културни прашања.

Истакнувајќи дека некои земји-членки годинава ги читаат истите текстови во ОН како и минатата година, Албанезе додаде: „Секогаш кога влегувам во оваа просторија доживувам шок и разочарување“.

Истакнувајќи дека таа го осудува Хамас, се солидаризира со Израел и бара ослободување на затворениците, Албанезе рече: „Но, по смртта на 42.000 луѓе, можно ли е сè уште да не можете да сочувствувате со Палестинците? Дали е тоа можно?“

Таа додаде дека соодветните земји-членки, доколку продолжат со таквиот став, ќе станат уште „понепотребни“ за остатокот од светот и потсети дека човековите права се учат во училиштата во Европа и во многу западни земји. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан