• четврток, 04 декември 2025

Oпштина Тетово ќе има веб-страница со нов изглед и корисничка функционалност 

Oпштина Тетово ќе има веб-страница со нов изглед и корисничка функционалност 

Тетово, 24 септември 2025 (МИА) - Вработени од администрацијата во Општина Тетово денес ги промовираа новиот изглед и новите можности за користење на интернет страницата tetova.gov.mk пред новинарите.  Новиот изглед ќе биде достапен во наредните денови, а целта е поголема корисничка функционалност за граѓаните.

-Веб-страницата (tetova.gov.mk) е потранспарентна, со многу олеснувања за давање онлајн услуги на странките, преземање на обрасци и други барања за кои нема да има потреба странката да доаѓа лично до општината, со што ќе се заштеди на време. Страната е надополнета со многу нови корисни информации, за општината, јавните претпријатија, но и за градот воопшто. Истата наредниве денови пробно ќе биде пуштена во употреба, а во истиот период сите можат да дадат и свои предлози и сугестии, доколку сметаат дека нешто не е опфатено или ненамерно изоставено, истакна Бесар Идризи.

Тоа, како што рече, можат да го направат со испраќање на и-мејл адреса proffice@tetova.gov.mk.

На денешната презентација беше најавено дека на страницата на Општината ќе се најдат и линкови од нови апликации за користење и плаќање на зонското паркирање, билети за автобуски градски превоз, даноци и слично.ас/вј/

Фото: МИА 

Остани поврзан