• среда, 03 јули 2024

Oпштина Велес го одбележа 11 Октомври

Oпштина Велес го одбележа 11 Октомври

Велес, 11 октомври 2023 (МИА) - На Спомен костурницата од Народноослободителната војна во Велес, каде почиваат коските на стотина борци од Велес и велешко, беше одбележан празникот 11 Октомври со поклонување и оддавање почит од страна на Општина Велес заедно со претставниците на Армијата, од инстуциите и здруженија на граѓани и политички партии, како и семејства на загинатите борци.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Марко Колев потсети  дека 11 Октомври е Ден од македонската историја, симбол на македонската борба за слобода и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност.

-Со првите пушки во Прилеп и Куманово бројните херои од партизанските одреди се побунија против фашистичката агресија од страна на Германија, Бугарија и Италија, стоејќи храбро за она во што верувале. Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на огромен број млади луѓе чиј аманет го носиме и денес – аманетот за слободна татковина! Затоа сега ви велам - стој гордо Македонијо! Честит 11 Октомври! Затоа и денес достојно и со почит кон сите загинати борци за слободна Македонија го одбележавме  11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ потенцира Колев.

Програмата беше збогатена со настап на велешките фолклорни друштва. ад/

Фото: МИА

Остани поврзан