• четврток, 14 ноември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
16 јануари 2020 Водичарски песни од село Битуше  Запишани од Гале Фидановски 1. -Добре ми дојде Свети Јоване, -Добре те најдов, еј нови куме, не уплаши се, ток зарадви се, сам Свети Јован заире носет, заире носет, бела пченица, бела пченица, ведро ракија, ведро ракија, две ведра вино, две ведра вино, крава јалова... (Песната се пее на 14 јануари кога заедно со василичарските обичаи, започнуваат и водичарските празнувања. Кога водарката се враќа и кога ќе го пречекори куќниот праг месариите ја пречекуваат со оваа песна.) 2. Јадите, пијте, веселите се, ова је софра Свети Јованова, сам Свети Јован заире носит, Носите го гравот од Градишќе, да го јадет, да го јадет, овие чесни гости, чесни гости, чесни гости, Свети Јоавнови... (Песната се пее при обредот сучење врвца) 3. Збогум со здравје Свети Јоване, ноќа те праќа, рано те чека, утре те чека силното село, силното село, све весело. (Со оваа песна во месноста Лајковец се испраќаат кумовите кои одат во манастирот „Св. Јован Бигорски“). 4. - Добре ми дојде, Свети Јоване. -Добре те најдов, еј нови куме. Не уплаши се, тук зарадви се, сам Свети Јован заире носит, заире носит, бела шченица, бела пченица ведро ракија, ведро ракија две ведра вино, две ведра вино, крава јалова, Да му е жива (се редат имињата на машките глави во семејството, но секогаш водејќи сметка за староста и годините.) Да ни е куќа силна, силна и весела, да ни е село силно, силно и весело. (Песната се пее со обичајот По костење.) 5. Крсти носиме, Бога молиме, Бог да ни дает, дар, бериќет, дар, бериќет,, жито и вино, жито и вино, мед и млеко. Да се живи рисјаните, да и прает законите, законите Ристосои, да е село све весело. (Песната се пее при обичајот фрлање на крстот во водата, кога се оди од црквата до На јаз.) 6. Пролетал ми сиви сокол од море, од море, се застоја стреде село, над црков, над црков, не ми било сиви сокол над црков, над црков, ток ми била Света Дева Марија, Марија, и со неја девет крили анѓели, анѓели, . Ој ви вами девет крили анѓели, анѓели, нел појдите в земни клеѓе камнени, камнени, наточите три здравици стребрени, стребрени, послужите Свети Јована зимнего, зимнего, послужите Свети Ѓорѓија, пролетен, пролетен, послужите Свети Петар летнего, летнего, Свет Јовану, све му аскер заигра, заигра, а Свет Петру све му аскер завена, повена, (Песната ја пеат кумстарките кога ќе дојдат пред црковната порта.) 7. Еребице, преперице, високо леташ, далеку гледаш, далеку гледаш, све поле шеташ, две поле шеташ, назад се враќаш, назад се враќаш, на куќа паѓаш, на куќи слама, во куќа слава, да му е жива... (имињата на машките членови на семејството) Да ни е куќа силна... (Песната се пее во истата прилика, како и претходната). 8. Заспала ми је бела Марија, меѓу два друма, два манастира, туе помина сам свети Јован, во роци носет сребрено котле, а во котлето стребрено крсте, а на крстето крстен босилек. Ми ја поштрка бела Марија, ми ја поштрка и ја разбуди. -О грев ти било, Свети Јоване, што ме поштрка и ме разбуди, малу што заспав, голем сон видов, тристана души по влакно врвет, од триста души, три останае. Првата душа шо грев имаше? по туѓи враќе прислушкуваше. Другата душа шо грев имаше? На комшии огон не подаваше. Треќата душа шо грев имаше? Туѓи малечки не задоваше. (И оваа песна се пее од страна на кумстарките пред црковната порта.) Од книгата „Битуше, празници, традиции, верувања“ од Гале Фидановски, 2006. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан