• недела, 22 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
22 септември 2020  Свети праведни богоотци Јоаким и Ана  Празник на родителите на Пресвета Богородица Именден празнуваат: Ана, Јана, Јаника... Свети Јоаким и Ана се родителите на пресвета Богородица. Јоаким бил потомок на цар Давид. Со сопругата Ана долго немале пород. Се молеле на Бога да им даде рожба и на поодминати години Господ им дал женско дете што го крстиле Марија што значи измолена со солзи. Празникот на Свети Јован и Ана се празнува еден ден по Мала Богородица (Раѓањето на Пресвета Богородица) на 22/9 септември. Светата црква уште ги одбележува и Зачетието на Ана 22 /9 декември и Успението на Св. Ана (Смртта на Ана) на 7. VIII/25 VII. Овој празник меѓу народот се смета за полесен, па во некои краишта (Гевгелиско) не работеле само жените. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан