• четврток, 21 ноември 2024

Mодна ревија „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ во Јавна соба

Mодна ревија „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ во Јавна соба

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Mодната ревија „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ како завршна активност на проектот „Платформа за женско семејно претприемништво“ спроведена од страна на здружението „Добредојде Македонија“ ќе се одржи денеска од 17 часот во „Јавна соба“.

Како што информираат од Амбасадата на Словенија во Скопје, со чија поддршка се реализира проектот, настанот свечено ќе го отвори Емилија Миладинова Аврамчева, претседателка на здружението „Добредојде Македонија“, додека, поздравен говор ќе има амбасадорот на Република Словенија во Северна Македонија, Грегор Прескер.

- Проектот „Платформа за женско семејно претприемништво“ што се реализираше во Скопје, Струмица и Струга, со четири месечни обуки на мануелни вештини шиење, плетење и везење, ја постигна целта поттикнување на македонските традиционални занаети и креации во современи услови, како и поддршка на женското семејно претприемништво кои доведува до унапредување на малите семејни бизниси, велат од Амбасадата.

Подготвените производи и дизајни ќе бидат изложени на модната ревија која претставува спој на македонската традиција и женското претприемништво. ар/дма/

Фото: Плакат

 

Остани поврзан