• понеделник, 29 април 2024

Конференција за зелено инженерство и технологии за циркуларна економија

Конференција за зелено инженерство и технологии за циркуларна економија

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија ќе се одржува денеска и утре на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје.

На конференцијата, како што најавуваат организаторите, ќе учествуваат претставници на науката, бизнис заедницата и на институциите од државата. Освен деканот на ТМФ, Стефан Кувенџиев и професори од Факултетот, на конференцијата ќе се обратат и претставници на ОКТА, Алкалоид, Реплек, УСЈЕ, Завар, Пакомак, Санда, Бионика и други компании. 

Во вторник од 11 до 13 часот ќе биде организиран студенски хакатон на тема „Зелени идеи за ревалоризација на био и индустриски отпадни материјали“, каде студентски тимови ќе презентираат различни студентски идеи. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан