• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Kонцерт во чест на Климе Садило

Kонцерт во чест на Климе Садило

Охрид, 3 јуни 2025 (МИА) - „Заборавениот звук на Садило“ е насловен концертот во чест на познатиот трубадур и чалгаџија, Климе Садило што на 12 јуни ќе се одржи во предворјето на катедралната црква „Света Софија“, во организација на здружението за култура и уметност „АртВивенди“ и поддршка на Општина Охрид .

- И оваа година ќе можете да уживате во настапите на КУД „Далги“ при здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Охридскиот камерен оркестар и изведбата на драмата „Виолина што одекнува низ вековите“ од м-р Михаил Патчев, информираат организаторите.

Климе Садило е претставник на македонската чалгиска традиција, што како културно добро најинтензивно била негувана во македонските градски средини, претежно во 19 и во 20 век. Роден бил 1881 година, а починал на 21 јуни, 1965 година.

Од 19 годишна возраст почнал да свири во тајфата на својот татко, а подоцна ја оформил својата тајфа –Такамот на Садиловци (подоцна познати и како „Охридски трубадури“). Садило свирел и на ут, но пред сè, бил познат како ќеманеџија (виолината локално нарекувана ќемане) денес се наоѓа и може да се види во Куќата на Робевци. сс/дма/

Фото: Постер

Остани поврзан