• четврток, 20 март 2025

Значително намален транзитот на бродови низ Киeлскиот канал, најпрометниот вештачки воден пат во светот што го поврзува Балтичкото со Северното Море

Значително намален транзитот на бродови низ Киeлскиот канал, најпрометниот вештачки воден пат во светот што го поврзува Балтичкото со Северното Море

Берлин, 20 март 2025 (МИА) - Транзитот на бродови низ Киeлскиот канал, најпрометниот вештачки воден пат во светот што го поврзува Балтичкото со Северното Море, значително е намален во 2024 година под влијание на геополитичките кризи, покажа годишниот извештај на германската Федерална управа за водни патишта и превоз.

Обемот на товарниот транспорт е намален за 2,1 отсто минатата година, на 75,6 милиони тони. Актуелните кризи влијаат на трговските патишта, протокот и количината на стоки“, изјави извршниот директор на одделот за поморски превоз во Федералната управа за водни патишта и превоз, Хајко Бошен.

Вештачкиот канал ги поврзува Брунсбител на Северното Море и Кил на Балтичкото Море и го скратува патувањето на бродовите за приближно 500 километри нудејќи им можност да го заобиколат Данскиот теснец. Тој во голема мера ги надминува Панамскиот и Суецкиот канал по бројот на бродови, но со далеку помал тонажа.

Минатата година низ Киeлскиот канал поминале 24.866 бродови, за 6,73 отсто помалку отколку во 2023 година.

Транзитот на стоки со руските пристаништа особено нагло се намали, од 14,2 милиони тони во 2021 година на само 2,3 милиони тони во 2024 година.

И покрај намалениот сообраќај, инвестициите во обновата и проширувањето на каналот лани достигнаа рекордни 297 милиони евра, нагласи претставникот на агенцијата Карстен Тод. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан