„Хјуман рајтс воч“ ги обвини паравоените сили во Судан за сексуално насилство врз девојчиња и жени
- Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ ги обвини паравоените сили во Судан за сексуално насилство врз девојчиња и жени на југот на источноафриканската земја.
Најроби, 16 декември 2024 (МИА) - Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ ги обвини паравоените сили во Судан за сексуално насилство врз девојчиња и жени на југот на источноафриканската земја.
Во извештај објавен денеска, организацијата тврди дека документирала десетици случаи во кои жени и девојки, на возраст меѓу седум и 50 години, се жртви на сексуално насилство.
Овие злосторства беа пријавени во областа Јужен Кордофан, која во голема мера е контролирана од силите на Суданското народно ослободително движење-Север.
Силите за брза поддршка (РСФ) од април 2023 година се борат против армијата на генералот Абдел Фатах ал-Бурхане во Судан, како и против силите на Суданското народно ослободително движење-Север за контрола на регионот Јужен Кордофан.
Во Судан трае конфликтот меѓу армијата и одметнатите сили на РСФ, кој прерасна во граѓанска војна и ја подели земјата. рп/
Фото: МИА архива